Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност која во текот на денот повремено ќе се зголемува. Доцна попладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, претежно во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од пет до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

За време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен интензитет, а на планините ќе се формира мала снежна покривка.