Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од осум до 18 степени, а дневната температура од 23 до 30 степени.УВ=6.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 13, а дневната температура до 27 степени.

До среда ќе дува засилен северен ветер, кој на повисоките места ќе достигнува брзина околу 80 км/час. Од петок под влијание на потопла воздушна маса ќе има пораст на дневната температура.