Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во планинските региони.  УВ индексот ќе изнесува 8.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 23 степени, а дневната температура од 26 до 36 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во планинските региони. 

Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната температура до 34 степени.  

Поизразена нестабилност ќе има за време на државниот празник Илинден (четврток) и в петок кога на повеќе места ќе има поинтензивен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме. Од сабота се очекува стабилизорање на временската состојба.