Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 12 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Следува период на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината.