Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец. УВ=6 

Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од  26 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 31 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.