Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика намалување на дневните температури.

Утринската температуриа ќе се спушти помеѓу 8 и 17, а дневната ќе достигне од 21 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Од петок во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.