Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот повремено ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од седум до 16 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Во наредните два дена ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од петок ќе има услови за локален дожд, а на повисоките места и на планините за локален снег. Повеќе врнежи се очекуваат во почетокот на наредната седмица.