Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 18 до 26 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 24 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и суво време со температури околу просекот за овој период од годината. Во недела и понеделник можна е појава на краткотраен дожд, особено во западните и југозападните делови од земјава.