Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Попладне во северозападните планински предели ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а  дневната од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а во сабота услови за нестабилност ќе има на повеќе места. Позначителна промена на времето се очекува од несела кон крајот на денот и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.