Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 29 до 36 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 35 степени.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Наутро ќе биде по малку свежо, а дневната температура ќе биде во благо опаѓање. До недела ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер, а потоа ветерот ќе биде променлив.