Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ= 8 

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 17 до 29 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 16 степени,  а дневната температура до 27 степени. 

Во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. И во почетокот на наредната седмица ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.