Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Локално ќе има услови за изолирана појава на краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Максималната температура ќе се движи до 37 степени.

И утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе биде 9, а дневните температури од 30 до 39 степени.