Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, особено во северните делови.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 20, а дневната од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи.