Времето дененска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне претежно во западните делови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 34 степени.