Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе изнесува од 23 до 30 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи, попладне се очекува локален краткотраен дожд и грмежи, особено на исток и североисток. УВ-индексот ќе биде 6.

И во Скопје се очекува сончево време со температура до 29 степени.

Слично време проследено со сонце и температури до 30 степени се очекува и во недела.