Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер, велат од управата за хидрометеоролошки работи од каде додаваат дека минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 Целзиусови степени, а максималната од 25 до 31 степен.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 29 Целзиусови степени.

До среда ќе се задржи сончево и топло време со релативно високи дневни температури. Во четврток во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, особено во петок.