Времето денеска во земјата ќе биде претежно сончево и свежо, со ниски утрински температури и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 9, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со слаб, претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Викендов времето ќе биде стабилно, до понеделник со ниски утрински температури. Во понеделник попладне и во вторник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.