Утрово преовладува сончево време, на крајниот југоисток има зголемена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне вдолж Повардарието на места ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 17 степени.