Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во крајните северни и североисточни делови ќе има услови за слаб дожд и провејување на слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Во Скопје во текот на денот ќе биде претежно сончево, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 10 степени.