Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, во текот на денот ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер во источните делови од југоисточен, а во јужните делови од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Температурата ќе достигне до 9 степени.