Времето во Македонија ќе биде сончево со умерен, локално повремено и засилен североисточен ветер.

Утрото ќе биде студено и ведро. Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 6, а дневната од 14 до 24 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 21 степени.

До петок времето ќе биде стабилно, со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштат и под нулата. Од сабота облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе има повремен локален дожд.