Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје, сончево време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 28 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури. Во вторник и во среда, особено во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност и услови за појава на повремен дожд и ретки грмежи.