Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а максималната од 30 до 36 степени. УВ-индексот денеска ќе биде 7. 

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер. Утринската температура ќе изнесува 16 степени, а дневната ќе достигне до 34 степени.

Во текот на наредната седмица ќе има постепени зголемувања на облачноста, посебно во северните делови проследено со дожд, умерен ветер и опаѓање на температурата неколку степени.