Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи во интервалот од 6 до 18, а дневната од 24 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време. Минималната температура ќе изнесува 11, а дневната ќе достигне до 31 степен Целзиусов. Во следниот период продолжува периодот на стабилно, суво и релативно топло време со просечни дневни температури за овој период од годината.