Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови oблачноста ќе се намалива и ќе преовладува ведро време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и југозападен правец, соопшти УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 13, а дневната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во наредните денови времето во земјава ќе биде стабилно, суво и релативно топло за овој период од годината. Од петок се очекува промена на временската состојба кај нас.