Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 18 до 27 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Продолжува периодот на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. За време на викендот ќе преовладува сончево време, но температурите постепено ќе опаѓаат.