Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со умерена облачност и со услови за слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус три, а дневната од четири до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до осум степени.

Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Во недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта и во понеделник кога на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во некои пониски места од дожд и снег.