Фото: Дарко Андоновски

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој долж Повардарието повремено ќе засилува, информира УХМР.

Дневните температури ќе бидат во интервал од 1 до 8 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северозападен ветер. Дневната температура ќе достигне до 5 степени.

Утринава во Маврово е измерена снежна покривка од 12 сантиметри, а на Попова Шапка висината на снежната покривка е 3 сантиметри.

Најстудено утринава е во Маврово каде во 7 часот се измерени -12 степени, потоа во Крушево со – 10 степени, -8 во Битола, Лазарополе и Претор и -7 во Берово.