На територијата на целата држава ќе преовладува сончево време, попладне со услови за локална појава на краткотраен пороен дожд.

Преодно стабилизирање ќе има во петок, кога времето ќе биде умерено облачно и потопло. Потоа, од сабота до вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.

Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер.