До вторник ќе се задржи стабилно и топло време, кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени, јави Управата за хидрометеоролошки работи.

Дестабилизирање на времето се очекува од среда, проследено со локален пороен дожд, грмежи и постепено опаѓање на дневните температури.

Инаку, времето утре ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во итнтервал од 12 до 21, а максималната од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе биде 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.