Советот на јави обвинители денеска ќе го избере новиот претседател на местото на Коле Штерјев, чијшто двегодишен мандат истекува на крајот на месецов.

Новиот претседател ќе се избира од членовите со тајно гласање, а неговиот мандат ќе трае две години, без право на повторен избор.

Досегашниот претседател Коле Штерјев беше избран на 31 август 2017 година, на местото на дотогашниот претседател Петар Аневски.