Бранимир Јовановиќ, кој беше советник во Министерството за финансии, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ соопшти дека се повлекува од функцијата, одлуката ја донел бидејќи посакал да се посвети повеќе на семејството.

-По скоро две години, се повлекувам од Министерството за финансии. Одлукава ја донесов уште пред некое време, но не сакав да ја објавам додека не поминат изборите- стои во објавата на советникот Јовановиќ.