Во рамки на Програмата за Парламентарна поддршка на Собранието, финансиски поддржана од страна на Швајцарката Конфедерација, Собранието соопшти дека е склучен договор за јавна набавка на мрежна опрема – хардвер и софтвер.

– Потребата за оваа набавка е со цел зголемување на квалитетот на работата на Собранието, особено во делот на можностите за неговата отвореност и транспарентност кон граѓаните. Благодарение на нашите пријатели и поддржувачи го трансформираме Собранието за сите наши граѓани да имаат отворена, одговорна и инвентивна законодавна власт – напиша на Фејсбук претседателот на собранието, Талат Џафери.

Претходно во јавноста се крена врева дека Собранието набавува скапи лаптопи во време кога ученици немаат уреди за следење онлајн настава.

Од собранието образложија дека набавката е всушност донација и дека нема да се потрошат буџетски пари за набавката на опремата.