Интензивните врнежи од снег засега не предизвикуваат проблеми во одвивањето на авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје.

Според информациите од веб страницата на скопскиот аеродром, од изутрината се реализираат предвидените полетувања и слетувања.

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за денеска не се предвидени летови.