Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски образовни прашања формирана согласно Договорот за добрососедство ќе се состане повторно на 19 и 20 февруари во Скопје.

Претставникот на бугарскиот дел од Комисијата Ангел Димитров најави дека ќе се разговара за заедничкото одбележување и прослава на личности и настани од, како што вели, заедничката историја.

Во изјава за БТВ Димитров истакнува дека на средбата ќе се види дали посетата на македонскиот премиер Зоран Заев во понеделникот, навистина била политички знак на благодарност кон Бугарија за помошта и за соработка на патот кон натамошно зближување.