Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, планинскиот премин Стража и во Маврово.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, информира АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

На сила е обврската за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до понеделник.а