Вечерва во 22 часот и 02 минути, регистриран е земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со интензитет од 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на 50 километри југозападно од Скопје, информираат од сеизмолошката опсерваторија.

Според досегашните податоци земјотресот бил почувствуван од населението во Кичево, Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.