Двајца скопјани изградиле куќа на државно земјиште во Трпејца во зоната на строга заштита што е дел од Националниот парк „Галичица“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Х.(29) и М.Х.(25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Според информациите од МВР, пријавените, на катастарска парцела на државно земјиште лоцирана во населбата Трпејца во Охрид, во зоната на строга заштита што е дел од Националниот парк „Галичица“, изградиле станбен објект.

Тоа го направиле без одобрение за градба, со што извршиле узурпација на земјиште во државна сопственост.