Претставници од Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија нема да учествуваат на одбележувањето на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија, што ќе се одржи на 27 и 28 мај во Охрид.

Ова го одлучи Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница, а во врска со поканата од поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан испратена до бугарскиот патријарх Неофит и до државниот врв на Бугарија за заедничко одбележување на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија.

Против учеството на одбележувањето во Охрид, на седницата гласале осуммина владици, а за биле петмина.

Според најавите од МПЦ-ОА, 1000-годишниот јубилеј ќе биде одбележан со црковно-државни свечености на 27 и 28 мај во Охрид.