Фото: Илустрација

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија.

Според податоците објавени на веб-страницата Европскиот медитерански сеизмолошки центар земјотресот се случил во 10.16 часот по локално време, односно во 11.16 часот по средноевропско време.

Потресот бил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 23 километри од градот Лариса.