Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Центарот за обука во Идризово каде што од септември се реализира едногодишна теренска и практична обука на нови 550 кандидати за полициски службеници. Се работи на вештините кандидатите да ги постигнат кои ќе им помогнат нивната работна кариера да биде во интерес на државата и на очекувањата на граѓаните кои ги имаат и да се врати уште повеќе довербата во овие институции, но на прв план да се зголеми безбедноста на граѓаните.

Од 550-те нови кандидати, по завршувањето на обуката ќе бидат ангажирани со договор во МВР само 500 со најдобар успех. Паралелно се спроведуваат обуки и во другите единици на МВР.

– Во моментот има обука и на полициски службеници од Одделот за обезбедување лица и посебни објекти, а тоа се посебни обуки кои ги поминуваат овие кандидати. Течат обуките и на нови кандидати  избрани преку интерен оглас и за Единиците за специјални задачи и за брзо распоредување, се со цел да постигнеме и поголема бројност и поголема спремност на полициските службеници. Мора да има и освежување на овие единици и ќе продолжиме така и во сите други оддели – изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Напомена дека во рамки на референдумскиот процес е направена обука на сите полициски службеници, а изработен е и посебен прирачник за тоа како треба да постапуваат полициските службеници и првпат пред референдумот прирачникот беше објавен и во електронска форма.