Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од соседна Албанија, поточно од подрачјето на Драч, на 170 километри југозападно од Скопје, регистрирани се изутринава соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Најсилниот од серијата потреси, со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала во 3 часот и 54 минути, беше почувствуван и на целата територија на Македонија.

Според досегашните податоци, Земјотресот е почувствуван со интензитет од пет степени според Европската макросеизмичка скала, во Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, помеѓу четири и пет степени во Скопје, Кичево и во Битола и со интензитет од три до четири степени во источните делови на земјава.