Фото: Дарко Андоновски

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) укажа на предизвиците во работењето, на годинешното собрание одржано денеска во Скопје. Присутните го усвоија записникот од минатогодишното редовно собрание, го верификуваа приемот на новите членови, а беа презентирани и извештаи за работата на телата на СЕММ. 

Претставниците на медиумите-членки на СЕММ разменија и мислења за разработувањето на планот за самоодржливост, како и во поглед на саморегулацијата. Токму овие теми ќе бидат во фокусот на УО на СЕММ во иднина. 

Беше истакната и потребата за усвојување на медиумски кодекс за регулација на интернет-порталите, како и за формирање на работно тело за борба против говорот на омраза во медиумите.

Советот ја нагласи и сопствената улога во борбата против непрофесионалното информирање. М.Ж.