Пилот-проектот за воведување сексуално образование ќе почне во 2021 година во 9  одделение во четири училишта, соопштија од Владата.

Проектот ќе се реализира во две училишта во урбана средина, едно во рурална средина и едно училиште каде мнозинство од учениците се од малцинските етнички заедници.

– Пилотирањето, согласно Акцискиот план е предвидено да отпочне со реализација во 2021 година, откако претходно ќе бидат завршени сите планирани чекори: изработка на материјали за обука на наставниците, обука на наставниците и изработка и пилотирање на инструментите за евалуација на пилот програмата – соопштија од Владата.