Со положување цвеќе пред Споменикот на децата бегалци во паркот Жена борец во Скопје и изложба на фотографии во Домот на АРМ, денеска почна одбележувањето на 70 години од прогонот на Македонците од Егејска Македонија за време на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

Одбележувањето е во рамки на петтата Светска средба на насилно прогонетите Македонци, во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејска Македонија „Македон“ и под покровителство на Светскиот македонски конгрес.

Во големата сала во Домот на АРМ се одржа културно-уметничка програма со реферат за прогонот и поздравни говори на претседателот на „Македон“ Лефтер Манче и архимандритот Никодин Царкњас.

Во обраќањето порачаа дека најголем грев е да си го продадеш името и дека проблемот не е името, туку тоа што тие живеат таму.

Истакнаа дека за нив името е решено на референдум во 1991 година и дека досега 138 држави не признале под името Република Македонија, поради што дека не треба да преговараме за капитулација со Грција.

На церемонијата присиствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, пратеникот Крсто Јовановски и претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.