Еден од врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ и Министерството за образование и наука е создавањето на услови за квалитетно образование, истакна пратеничката од СДСМ, Даниела Колева.

За таа цел, реча таа, Владата донесе одлука од 1 септември наставата во основните и средните училишта да започне со физичко присуство во сите училишта, за што се подготвени сите протоколи за заштита на здравјето.

– Наставата со физичко присуство е најдобриот избор за заштита на менталното здравје и одржување на нивото на квалитет на наставата и социјализација на учениците. Од исклучителна важност е целосно почитување на протоколите за настава со физичко присуство во основното и средно образование, бидејќи само на тој начин сите ќе го заштитиме своето и јавното здравје – додаде Колева.

Според Колева, предвидени се и исклучоци од физичка настава за учениците кои во семејството имаат хронична болест или самиот ученик боледува од хронична болест, или поради немедицински причини, за што одлука ќе носи самото училиште ако има аргументација за тоа.

Со ова како што рече, се создава можност за тие кои се во здравствен ризик да следат онлајн настава во текот на целата учебна година.

– Во случај на промени во епидемиолошката состојба, МОН е подготвено за лесна и брза промена на моделот на настава со резервно сценарио со кое ќе се обезбеди континуитет во образовниот процес. Образовниот систем е подготвен за три сценарија – целосно физичко присуство, целосно онлајн и хибридно. Овие идеи се предложени и сте засегнати страни се известени. Во моментов Владата има одлука да се започне со физичко присуство согласно нашите, но и искуствата на развиените земји – потсети Колева.

Додаде дека дополнително, во образовниот систем вакцинирани се 69 отсто, што е два пати повеќе од националниот просек. Тоа, според неа укажува на високата свесност на наставниците за вакциницијта а очекувањата се оваа бројка за брзо да порасне над 80 отсто.