Фото: Игор Бансколиев

Почна самитот на „Економист“, што ќе се одржи денеска во Скопје. Темата на годинашното издание на самитот е „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“. Македонија првпат е домаќин на настанот, во организација на „Економист“ најпознатиот неделен економски магазин кој има милионски тираж и е основан во 1843 година.

Странски бизнисмени, политичари и менаџери на компании важни за регионалната амбиција за евроатлантски интеграции, како и новинари, се очекува да присуствуваат меѓу околу 450-те учесници на самитот.

Премиерот Зоран Заев, поранешниот помошник американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, поранешните премиери на Грција и на Белгија Алексис Ципрас и Ги Верхофштат, Мартин Шулц поранешен претседател на Европскиот Парламент, се меѓу гостите и панелистите.

Учесниците ќе дискутираат и за тоа кои се најголемите економски предизвици на Западниот Балкан, како се развива регионалната соработка, и на кој начин регионот може да привлече поголеми странски инвестиции.