Шефицата на Обвинитeлството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, рече дека за носители на јавни функции треба построги санкции.

-Сметам дека носителите на јавни функции, како што се пратеници, судии, обвинители, мора секогаш да бидат построго казнувани затоа што тие се оние што треба да го спроведуваат законот- порача Русковска.

На новинарско прашање дали во Обвинителсвтото за гонење организиран криминал и корупција има отворено предмети за актуелни функционери на власта, Русковска одговори: „Па, водиме некои предистраги, да“.