Фото: Илустрација

Родителите на деца до шест годишна возраст утре излегуваат на протест пред Владата против одлуката за враќање на работа од 23 септември, објавија повеќе медиуми. Незадоволните родители ќе бараат продолжување на отсуството до крајот на годината, односно промена на одлуката препорачана од Комисијата за инфективни болести.

Самохраните родители исто така реагираа на одлуката. Тие сметаат оти е нејасно зошто се враќаат на работа на една недела пред почетокот на учебната година, прашувајќи се кој ќе им ги чува децата во тој период. Според нив проблем претставува и организирањето на образовниот процес од 8.30 до 10.30 часот.

Засега нема одговор како ќе бидат згрижени децата кои посетуваа целодневна настава и дневен престој, односно кој ќе се грижи за нив откако ќе се вратат од училиште, па се додека нивните родители се вратат на работа.