Судењето на Борче Ристевски (54), кој е обвинет за убиството на неговата сопруга Карен, ќе почне на 12 март в година, објавија австралиските медиуми. Се очекува судскиот процес во Врховниот суд на австралиската сојузна држава Викторија да трае помеѓу четири и пет седмици, поради големиот број на докази што треба да бидат претставени. Ристевски претходно се изјасни за невин пред судот.

Македонецот од Австралија се соочува со обвинението за убиство на сопругата која последен пат била видена на 29 јуни 2016 година, на оддалеченост од околу 50 километри од националниот парк кај Маунт Маседон во северен Мелбурн, каде што нејзините останки беа пронајдени осум месеци подоцна, во февруари 2017 година.

Судијката Сузан Камерон, претходно, посочи оти обвинителството доставило доволно докази за неговото однесување по исчезнувањето на Карен, за да има судење, и покрај тоа што доказите се посредни. Следното сослушување во пресрет на судењето е закажано за 12 декември.